
На 23.02.2023 (Четврток) беше прикажан филмот на Милчо Манчески „Сенки“ во два термини од: 19:00 & 21:00 часот.
НУЦК „Кочо Рацин“ во соработка со Црвен Крст – Кичево сите средства собрани од продажбата на билетите ги донираа за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Сенки (англиски: Shadows) — македонски филм од 2007 година, режиран, продуциран и напишан од страна на Милчо Манчевски. Сниман е на повеќе места во Скопје, Охрид и неколку други места низ Македонија. Сенки беше македонски кандидат за номинација за Оскар на 80-тото доделување на наградите на Академијата, но истиот не влезе меѓу петте номинирани. Филмот своја премиера доживува на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а прикажан е и на уште неколку други познати фестивали.Синопсис:
Успешен млад доктор, Лазар Перков, оженет за прекрасна жена со која има дете. Тој има сè – дури и неговите пријатели и роднини го нарекуваат „Лаки“. Но, изгледот некогаш залажува; и покрај сите земски задоволства, Лазар константно се обидува да ги задоволи своите мајка, татко и незаинтересирана сопруга. Секој ден му е ист, сè додека еден ден едвај преживува тешка сообраќајна несреќа.
По закрепнувањето, Лазар се соочува со луѓе кои наизглед умираат повеќепати, и секогаш ја носат истата порака: „Врати го она што не е твое. Имај почит.“ Откако Лазар сфаќа дека овие негови привидувања не се само соништа, туку дел од секојдневниот живот, тој доаѓа до заклучок дека тие се изгубени души кои сè уште не нашле мир во другиот свет, и успева да открие што всушност треба да врати.Главни улоги:
Борче Начев
Салаетин Билал
Весна Станојевска
Сабина Ајрула-Тозија
Диме Илиев
Ратка Радмановиќ
Петар Мирчевски
Илко Стефановски
Владимир Јачев
Гоце Влахов
Васил Шишков
Филарета Здравковиќ
Борис Чоревски
Бранко Бенинов
Изабела Новотни
Лазе Манасковски