Премиера на театарската претстава ” Ако останеш дома”

На 14-ти Декември во големата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 18 часот се одржа премиерата на театарската претстава „Ако останеш дома“ во режија на Михајло Петревски.

„Ако останеш дома“ од Карој Сакони претставува современа Унгарска драма во еден чин.

Иако драмата е напишана во минатиот век,таа ги отсликува проблеми на еден брачен пар кои се актуелни и ден денес но се претставени на современ начин.

Во драмата учествуваа:
Михајло Петревски и Виолета Петкоска;
Сценографијата ја изготвија:
Дервиш Зеќири,Емин Емини,Мерсим Ефатоски;
Костимите и декорирањето на сцената:
Александра Петревска;
Светло мајстор:Фазли Асани;
Избор на музика и видео:Матео Петревски;
Гласот од Google: БраниславСтојаноски;Режија:Михајло Петревски.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.