Промоција на книгата „Парчиња од себеси“ од Викторија Стојовска

На 14 Декември со почеток од 19 часот во малата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа промоција на книгата „Парчиња од себеси“ од младата поетеса Викторија Стојовска.

ПАРЧИЊА ОД СЕБЕСИ е прва книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска.
Ова е збирка на кратки дијалози, приказни и прозни дела напишани низ подолг временски период, инспирирани од реалноста.
Иако се неповрзани и различни во едно нешто расказите се слични: да допрат до сечие срце.
Делото е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани“ и е носител на наградата „Душата на чаршијата“, на конкурсот распишан од издавачката куќа „Дата песнопој“ од Битола.

Кратка биографија за авторката

Викторија Стојовска доаѓа од Кичево.
Активно твори седум години.
Пишува модерна поезија и проза.
Колумни и новели.
Активен член е на Литературниот клуб „Китка“ од Кичево.
Нејзините дела се познати по срцепарателните зборови во кратките приказни во кои секој може да се пронајде. Тие се инспирирани од нејзиниот живот, но и од туѓи приказни кој кај неа разбудиле некаква инспирација.
Викторија зад себе има голем опус на литературно творештво, учествувалана повеќе литературни манифестации и има голем број освоени награди и признанија.
Парчиња од себеси е нејзината прва книга.

https://fb.me/e/2yfpuQrNZ

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.609489291426091&type=3

You may also like...