Во рамки на фестивалот Меридианс, со подршка од Министерство за култура, во Центарот за култура “Кочо Рацин” Кичево се одржаа концерт на друштвото Артал.
Концертот го реализираа уметниците: Јетмир Мехмеди – гитара Шкелзен Пајазити – виолина Шкелзен Бафтијари- пијано Концертот се реализираа во надворешен простор поради ситуацијата со Covid-19, почитувајќи ги предвидените мерки и протоколи.
Во Сабота (18.07.2020г.) на платото од Центарот за култура се одржa концерт за деца „Музичко другарување“ со почеток од 12:30 часот.
Концертот “Музичко другарување” е единствен во своето претставување поради уникатноста и специфичноста на изведба поради употребата на двојазичност во презентација (македонски и албански јазик).КОНЦЕРТОТ е едукативен, опфаќа АКТУЕЛНИ ТЕМИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО И БОН ТОН однесувањето, а притоа е и интерактивен. Концепиран е со цел децата да можат да бидат вклучени во процесот на презентација а не како во досегашните случаи на концерти – само обични слушатели на одделни музички концерти, само драмски претстави или музички работилници. Целта на овој проект е да ги сублимира во еден проект сите преходно наведени проекти и воедно преку музиката да направи сплотување на публиката а јазикот да не претставува бариера. Проектот притоа спроведува интерактивност со публиката и врши едукацијата од нов вид.Преку овој вид на претстави се доближува најмладата генерација до класичната музика, етно музикологијата и класичните инструменти.Проектот преку игра и песна успева да се доближи до најмладите и да ја разбуди нивната фантазија и имагинарното да им стане во мислите реално и сето тоа сублимирано во време траење од 45 минути.
Поради ситуацијата во која се наоѓа целата држава, концертот се адаптираше да се реализира во надворешни услови- пред платото на центарот за култура. Притоа публиката беше ограничена со број на седишта поставени на растојание од 2 метри и беше ставено напомена преку доставување на рекламен материјал од страна на учесниците за носење на заштитна маска за време на настанот.
Пордукција „Ода“ во соработка со НУЦК „ Кочо Рацин„ Кичево подржано од Министерство за култура во Центарот за култура представиа монкомедиjата „ Балканибализам„ каде што играше познатата актерка од Тетово Ајше Усеини со режија Сабедин Селмани и музика од Теута Халими.
Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево во соработка со учениците на ОСУ „Дрита“ предводена од актерот Рахим Рамадани на 24.02.2020 година (понеделник) со почеток во 18:30 часот ја изведуваа комедијата „Зборот на мажот е последен“ од Кристо Флоќи.