
Kultura-K
ЗАЕДНО РАСТЕМЕ И УЧИМЕ

Заедно растеме и учиме по повод детската недела кој беше планиран за реализација во гратската библиотека со едукација на најмалата генерација децата од градинката Олга Мицеска каде предвидено беше работење од страна на децата заедно со своите претпоставени т.е цртање боење оформување на фигури,букви и др да се види детската заинтересираност на буквите низ сликовниците и нивната самостојна креативност застапена во боенките.Активност со самостојно ракување со прибор,бои и освојување на вештини со изработка на креации од страна на материјали достапни за децата од предучилишна возраст.Но поради новонастанатата ситуција со пандемијата корона-ковид 19 и за заштита на децата овој проект се реализира под строги мерки со тоа што во многу мал дел од вработените од самиот центар за култура-библиотека ја посетија градинката по протоколи и целосна заштита-дезинфекција каде на децата им беше даден предвидениот прибор кој беше планиран за во подобри околности за реализирање на овој проект.За овој проект одобрени беа 20 000 денари.


Изложба „365 селектирани фотографии“ на Ненад Пивко

На 15 Октомври 2020г. во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа изложба на фотографии „365 селектирани фотографии“ на Ненад Пивко со почеток од 19:00 часот.
Изложбата се одржа според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19 . Носењето маска и држењето физичка дистанца беше задолжително.
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.677539019834577
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/3335764733186431
Концерт ТРИО
Свечен концерт за годишнина на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево

Во големата сала при НУ Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево на 10.10.2020 година се одржа свечен концерт за годишнината на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево со што се одбележа 40-години постоење на оваа институција.
Continue reading…Изложба „Старите градби во Кичево“ – Енвер Селими
На 7 октомври во 17:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево се одржа изложбата „Стари градби во Кичево“ од сликарот Енвер Селими.

Цртан филм „Неверојатната приказна за џиновската круша“

Цртан филм „Неверојатната приказна за џиновската круша“
Како дел од Меѓународниот филмски фестивал во Тетово, во продукција на ОДА, во Центарот за култура беше прикажан албанскиот цртан филм „Неверојатната приказна за џиновската круша“.
Изложба на слики „Визии од детството“ од Горан Боев

На 25 Септември во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин се одржa изложба на слики „Визии од детството“ од ликовниот уметник Горан Боев со почеток од 19:00 часот.
Изложбата се одржa според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19.Носењето маска и држењето физичка дистанца беше задолжително.
Боев има креативно творештво тој е претставник на една нова генерација која донесува нови текови во уметноста.
На сликите на тема „Визии од детството“ се појавуваат мачка, куче, прозорец, цвеќе, дете…
Авторот вели дека делата се портрет на едно минато време, на неговото детство.
Детска симфониска приказна „Петар и волкот“

На 11 Септември 2020г. во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево со поддршка на Министерството за култура се одржа симфониската бајка за деца „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик со диригент Агона Чупи и диригент Ангел Спироски.


Петар и волкот оп. 67, „детска симфониска бајка”, е музичко дело
напишано од Сергеј Прокофиев во 1936 година.
Нараторот им раскажува приказна на децата, додека оркестарот ја илустрира така децта се запознаваат со музичките инструменти и нивните карактеристики.


Петар и волкот е една од најпознатите дела на Прокофиев и едно од најчесто изведуваните дела на целиот класичен репертоар.

Празничен концерт со „Viva Strings“

По повод Денот на независноста 8-ми Септември во Центарот за култура “Кочо Рацин“- Кичево гостуваше гудачкиот квартет ВИВА Стрингс од Скопје.
Програмата на овој концерт беше од популарен карактер, на програмата беа застапени повеќе модерни наслови кои побудија интерес кај публиката. Меѓу другите, беа изведени композиции на Мајкл Џексон (Michael Jackson), Бритни Спиарс (Britney Spears), Јуритмикс (Eurythmics), Роби Вилијамс (Robbie Williams), Квин (Queen) и други.

Претставување на една ваква програма пред кичевската публика претставуваше повеќекратен успех, бидејќи се помага во едукацијата и пројавување интерес кај публиката за други типови на музика освен секојдневно слушаните турбо-фолк и слични музички жанрови.


Поради ситуацијата во која се наоѓа целата држава концертот се одржа според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид19.Концертот се адаптираше да се реализира во надворешни услови-на платото од центарот за култура. Притоа публиката беше ограничена со број на седишта, кои беа поставени на растојание од 2 метри и беше ставено напомена преку доставување на рекламен материјал од страна на учесниците за носење на заштитна маска за време на настанот. Концертот е дел од Националната програма за култура за 2020 година и е поддржан од Министерството за култура и од НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево.

