Литературни средби „Поетски ѕвезди 2026“

На 6 Март во центарот за култура се одржа проектот литературни средби „Поетски ѕвезди 2026“ кој е во склоп на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“ , во организација на литературниот клуб „Китка“ и НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.
Проектот е финансирана од Министерство за култура и туризам и Општина Кичево.

Оваа година учество зедоа писатели-поети одградовите Охрид,Демир Хисар и Македонски Брод, а додека од страна на љубителите на пишаниот збор т.е од помладата генерација зедоа учество ученици од основните училишта „Христо Узунов“ од с.Другово како и „Д-р Владимир Полежиноски“ одКичево.Се читаа поезии по повод денот на жената како и прози за тој ден.Во самиот настан домаќините т.е литературниот клуб „КитКа“ заедно со своите членови им доделуваа благодарници на учесниците.

https://fb.me/e/dVhj6NF6r

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.945822067792810

You may also like...