
На 04.11.2023 со почеток во 20:00 ч. во НУЦК “Кочо Рацин“ Кичево се одржа премиерата на многу очекуваниот филм “Во рамките на љубовта“ во режија на Колорето Цукалит.
Главни улоги во филмот се Олта Гиџари и Луиз Ејли.“Во рамките на љубовта“е романтична комедија, во која нема да недостигаат смеата, но и солзите. Филмот прикажува љубовна приказна во модерното време која ги поврзува животите на две лица и нивните семејства.
Овој филм има многу интересна актерска екипа, со професионални актери, но и со други познати и многу сакани ликови за јавноста.
Приказната за парот кој е во брак 10 години кој решава да ја прекине врската. Одлуката ќе ги натера да си ги знаат границите во ситуации полни со хумор и љубов. Затоа што кога љубовта е сеуште таму, ништо не е невозможно.
„Во рамките на љубовта“ ѝ носи на јавноста длабинска и сложена приказна која ја отсликува реалноста на животот на луѓето во современото општество. Со одличната изведба на актерите и духовитото сценарио, филмот разоткрива различни емоции и ќе ги задржува гледачите до крај.