
На 02.11.2023год. со почеток од 20 часот во НУЦК „Кочо Рацин„ – Кичево се одржа премиера на македонскиот филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов.
Филм кој изобилува со хипнотизирачки визуелни слики и незаборавни изведби на талентирана актерска екипа. Овој филм ветува смеа, солзи и емоции.
Режија: Игор Алексов
улоги: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски
времетраење: 95′
земја: МАКЕДОНИЈА, Србија
жанр: Трилер, драмаСудбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.