
На 26.10.2023 со почеток од 20 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево премиерно се прикажа новиот македонски филм „Te dua, жими мене“. Филмот е социјална комедија родена од посветеност и слободна волја, налик на познатиот блокбастер “Hangover” на македонски начин
Содржина: „Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови..“
Филмот е по сценарио на Никола Кузелов, во режија на Марјан Гавриловски.
Извршни продуценти: Александар Трајковски и Ивана Мирчевска
Директор на фотографија: Александар Карпузовски.
Музика и звук: Валентин Видовиќ
Улогите ги играат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.