Кинопроекција на филмот ,, Исчезнатиот“на режисерот Арбен Тачи

Центарот за Култура го прикажа филмот „Исчезнатиот“ на режисерот Арбен Тачи, во соработка со Црвениот крст – Кичево каде сите средства собрани од продажбата на билетите беа донирани за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.


Филмот е психолошка драма со елементи на војна која што опфаќа последниот период од Втората светска војна. Главниот јунак на филмот кој го игра актерот Сотираќ Братко, пишувајќи ги своите мемоари, се обидува да ни открие нешто од неговото магливо минато, нешто што крие од луѓето, од сопругата (Ева Аликај), па дури и од себе. Она што ни го открива е полно со вина, каење и ужас кои не го оставиле на мир се додека е изолиран од светот и луѓето.
Во актерската екипа се познати имиња од Северна Македонија, Косово и Албанија како: Сотираќ Братко, Ева Аликај, Кејди Адеми, Сокол Моналари, Африм Мучај, Шеќерије Бучај, Селман Локај, Блерим Исмани, Арсим Фазлија, Селман Јусуфи, Адем. Карага, Рефет Абази, Неритан Личај, Енис Мурати итн.

You may also like...

Напишете коментар