Новогодишната детска претстава ,,Каде е Рудолф?”

На 26 Декември во големата сала при НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа новогодишната детска претстава со наслов „Каде е Рудолф?“ со почеток од 18 часот.

Оваа претстава има за цел да ги забавува децата, да им jа долови наjубавата новогодишна атмосфера и да имаат прилика да ги видат и да се запознаат со нивните наjинтересни и наjпознати новогодишни ликови (Дедо Мраз, Баба Мразица, Рудолф и сл.) но, и да се препознаат во истите.

Претставата покраj забавниот карактер има за цел и да ги едуцира децата, да ги научи и потсети на вистинските вредности:
На почетокот на драмата се запознаваме со главниот лик Рудолф и неговиот проблем – поради неконтролираното jадење на колачи а не се знае дали оваа година ќе може да полета и да ги однесе подароците на сите деца , па токму преку овоj проблем, спроведуваме едукациjа околу здравата храна, здравите навики и важноста на редовна физичка активност.
Главниот заплет во драмата го создаваат Боби и Биба кои се со години на
списокот на лоши деца поради тоа што прават булинг на нивните другарчиња
и не ги знаат зборовите благодарам и извини.
Лути бидеjќи никогаш не добиле подарок, одлучуваат да го украдат
Рудолф и да jа уништат Новата година….
На краjот Боби и Биба благодареjќи на останатите ликови ќе разберат дека
тоа не е вистинскиот начин и дека како и сите деца доколку си ги признаат
грешките и се подобрат да станат добри деца ќе добиjат подароци од
Дедо Мраз. Со решавање на овоj проблем односно со самиот расплет на
драмата се врши едукација на децата околу тоа колку е важна почитта
спрема другарите, влиjанието да се спречи врсничкото насилство во било
каква форма и да се ослободат децата да ги признаваат грешките, да се
извинат и да се заблагодарат. 

https://fb.me/e/20upeTDYn

https://fb.watch/hZ4AZSlzh8/

https://fb.watch/hZ4Djfz6za/

https://fb.watch/hZ4E-RiMGq/

https://fb.watch/hZ4GKTmPmT/

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.1199607604294380

You may also like...

Напишете коментар