
Во НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево во недела (20.11.2022) во 20:00 часот се одржа концерт за ноемвриските празници.За прв пат во нашиот град ја имавме честа да бидеме домаќини на Гудачкиот оркестар на градот Елбасан. Посебна сатисфакција беше што овој концерт се реализираше во рамките на Ноемвриските празници, во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ и поддршка на општина Кичево. Со оркестарот настапија големите имиња на албанската музичка сцена како: тенорот Кастриот Туша (Голем мајстор), тенорот Јосиф Ѓипали, флаутистката Матилда Бајрами, под водство на маестро Зеќир Сулкуќи со богата програма од светски дела и албански композитори.Дел од програмата беше и диригентот Агона Чупи, која диригира со оркестарот во неколку точки.Овој концерт се реализираше на иницијатива на уметничкиот директор Блерим Наразани (велемајстор). Во рамките на овој настан, во 19:00 часот ја имавме и промоцијата на книгата „Граѓанска народна песна на Елбасан“ од авторот Катриот Туша, која за прв пат беше промовирана.