Промоција на два романи „Прекрасен странец“ и „Исповед“ од Оливера Ширгоска

Промоција на два романи од наш роднокраен писател кој се реализираше во големата сала во центарот за култура, каде на самата промоција учество зедоа двајца модератори,рецензентот на двата романи како и самата писателка.Наш претставник од центарот за култура Маја Сиљаноска која како модератор ја отвори оваа промоција и со тоа ги најави останатите рецензентот и модераторот каде покрај самата писателка кои во текот на промоцијата од нивна страна романите беа промовирани пред присутните.

На промоцијата покрај нашиот модератор учество зеде рецензентот на двата романи Викторија Алексоска која ги прочита своите рецензии за романите.Во самата промоција модераторот Михајло Петрески со свое излегување пред присутните романите на писателката Оливера Ширгоска беа прикажани т.е доловени така што секој присутен беше почестен со дел од случувањата на романите и како пистелката дошла до таа идеа за создавање на двата романи.По завршувањето на модераторот Михајло Петрески и неговите поставувани прашања кон писателката во врска со создавањето на своите дела,писателката кон присутните се обрати со тоа што таа како главен виновник за нивното создавање таа во тие дела ги напишала човековите судбини.На промоцијата имаше голема заинтересираност од страна на љубителите на книгата со нивното присуство.По завршувањето сите присутни беа почестени со еден скормен коктел од страна на центарот за култура каде и самата писателка своите романи ги продаваше за хуманитарни цели со нејзина посвета и потпис за самиот купувач.

You may also like...

Напишете коментар