
На 03,04 и 05 јули на платото пред Центарот за култура се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал “Д-р Владимир Полежиноски“ по 15ти пат.

Овој фестивал беше одржан под покровителство на Министерството за култура а во организација на Центарот за култура “Кочо Рацин“ од Кичево на кој зедоа учество, на наша покана следниве гости:
-Младински културен Центар “Курбин“- Р.Албанија
-КУД од Туз – Црна Гора
-Младински културен Центар од Приштина- Р.Косово
-Ансамбл“ Ќуфад“ од Измир- Р.Турција
-Младински културен Центар“ Драч“- Р.Албанија
-КУД “Шпати“ Елбасан- Р.Албанија
-“Беломорски здив“ од -Р.Бугарија
-КУД “Младост“-Кичево
-Ансамбл “Љиљан“од Скопје
-“Звуците на татковината“-Р.Косово
-КУД “Бисер“-Кичево


Фестивалот е од меѓународен карактер и е со богата културно уметничка програма со траење од три дена.
Земјите учеснички на фестивалот се претставија со своите традиционални песни и ора облечени во нивни традиционаални носии.



На сите групи -учесници им беше доделена благодарница и скромен поклон.
Овој настан, како еден од поголемите во градот Кичево, беше добро изрекламиран, со цел ширење на информацијата до сите кои го сакаат фолклорот и имаа можност да проследат три дена по два
часа богата и разновидна програма со ора и песни.
Програмата трите дена беше проследена од многубројната кичевска публика.
Оваа година за сценографијата се погрижи Десанка Глигоријевиќ, и како што може да се забележи од приложените фотографии, со сите пропратни ефекти сцената беше осмислена до
најситен детал што придонесуваше до појак впечаток на целокупниот изглед на фестивалот.
https://www.facebook.com/events/743806393325370?ref=newsfeed
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1073410713580737&type=3
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1074065096848632&type=3
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1074501936804948&type=3