
Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа концертот „Корчарски песни“ со збирка песни од корчарските серенади.
Вокали на концертот беа: Армалдо Клоѓери, Глорија Нуре, а гостин беше Салије Бајрами.
Оркестарот беше составен од: Валон Мехмети – клавијатура, Дритон Беќири – кларинет, Бурим Мехмеди – бас гитара, Дејан Апостоловски – перкусии, Јетмир Мехмеди – гитара, Елса Азизи – виолина, Греса Мемети – виолончело.
Концертот предизвика голем интерес кај кичевската јавност.






