Шестти литературни поетски средби-Жена 2022

Како и секоја година така и оваа година традиционално литературниот клуб КиТка во соработка со Центарот за култура организираше поетски средби по повод денот на жената „8ми Март“.

Секоја година е различно, се покануваат гости-поети од други градови како и деца од локалните училишта од нашиот град.Оваа година со свое присуство не почестија т.е зедоа учество писатели-поети од градовите Охрид,Демир Хисар и Македонски Брод, а додека од страна на љубителите на пишаниот збор т.е од помладата генерација зедоа учество ученици од основните училишта „Христо Узунов“ од с.Другово како и  „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево.Се читаа поезии по повод денот на жената како и прози за тој ден.Во самиот настан домаќините т.е литературниот клуб „КитКа“ заедно со своите членови им доделуваа благодарници на учесниците каде по завршувањето сите учесници како и присутните имаа можност да се дружат покарај скромен котел кој беше овозможен од страна на Центарот на култура како и литературниот клуб.

https://www.facebook.com/events/326352082882735/?ref=newsfeed

https://www.facebook.com/303390253916124/videos/505564271087232

https://www.facebook.com/303390253916124/videos/499196734894939

You may also like...

Напишете коментар