Премиера на филмот “Сестри“

На 25 Март 2022ч. во Центарот за култура „Кочо Рацин “ – Кичево се одржа премиерата на македонскиот игран филм „Сестри“ на Дина Дума.

Филмот “СЕСТРИ“ кој беше предлог за номинација за ОСКАР покажа дека тематиката на овој филм е реална.
Филмот ја раскажува приказната за двете тинејџерки, чие пријателство е ставено на тест, откако ќе се соочат со последиците од нивното однесување. Приказната ја покажува суровата реалност каде девојките се чувствуваат отуѓени, како да немаат поддршка и некој со кој можат да зборуваат.

Синопсис:
Маја и Јана се неразделни другарки. Јана е таа која води, а Маја секогаш ја прати. Една ноќ на забава Маја и Јана ја гледаат Елена, најпопуларната девојка во училиштето, како има секс со симпатијата на Маја, и ја снимаат. Јана ја убедува Маја да го објави видеото онлајн. Видеото станува вирално и животот на Елена е уништен. Во жестока конфронтација помеѓу трите девојки, Елена исчезнува. Маја сака да пријави во полиција, но Јана не ѝ дозволува. Маја се бори да најде храброст и да излезе од токсичното пријателство со Јана и тајната која се заканува да ѝ го уништи животот.
Улогите ги толкуваат:
Маја – Антонија Белазелкоска
Јана – Миа Жиро
Елена – Марија Јанчевска
Крис – Ханис Багашов
Марс – Емил Исаевски
Мајката на Маја – Верица Недеска
Екипа:
Режија – Дина Дума
Продуцент – Марија Димитрова
Сценаристо – Дина Дума, Мартин Иванов
Директор на фотографија – Наум Доксевски
Монтажер – Мартин Иванов
Сценографи – Кирил Спасески, Симо Бранов
Костимограф – Роза Трајческа Ристовска
Музика – Игор Василев – НовоградскаПродукција – Лист ПродукцијаЖанр – Драма, Coming-of-age
Земји: Северна Македонија, Косово, Црна Гора
Јазик: Македонски 

https://fb.me/e/1AvkSZV5n

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.