Кинопроекција на филмот „Улиште“

Во Центарот за култура премиерно беше прикажан филмот „Улиште“, косовскиот филм кој се натпреварува за номинацијата за ОСКАР, добитник на три значајни награди на најголемиот фестивал на независен филм „Санденс“ во САД.

Филмот беше прикажан на 8-ми Март, одбележувајќи го овој важен ден за жените. Филмот не само што ја раскажува приказната за една албанска вдовица, мајка и претприемач во повоено Косово, туку ја раскажува и приказната за многу жени во овој наш подрај кои се занимаваат со патријархално општество.Филм кој ќе инспирира многу жени да не попуштаат пред животните предизвици и да бидат активни во општеството.Актерите во главните улоги се:
Улка Гаши, Чун Лајчи, Калона Сулејмани, Мал Сафчиу, Аурита Агуши, Кумрије Хоѓа, Адриана Матоши, Блерта Исмаили, Молике Маѓуни, Валире Зенели, Арменд Смајли, Илир Прапаштица, Адем Карага, Шкелчим Ислами, Зарије Јонузи Челику. Во една од презентациите на филмската премиера во Вашингтон, почесен гостин беше светски познатата албанска пејачка Дуа Липа.

https://fb.me/e/2ugySi8wQ

https://fb.watch/bORYYq72xp/

https://fb.watch/bOSg6Hu0ge/

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.