Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во малата сала при Центар за култура Кочо Рацин беше реализиран како активност спроведена од страна на наставници од основните училишта: ОУ Христо Узунов с.Другово и ОУ Санде Штерјоски.

Овој настан се реализира во три јазици македонски,албански и турски.Учество зедоа наставничките Сузана Данилоска наставничка по македонски јазик со ти ученици од ОУ „Христо Узунов“ с.Другово,Нурие Емрулаи наставничка по албански јазик со три ученици ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево и Ѓуљера Емро наставничка по турски јазик со три ученици ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево.Секоја наставничка со своите ученици презентираше своја подготвка во чест на самиот ден со тоа што се читаа истории на самите јазици и беше збогатена со рецитали,поезии, мали драматургии, читање на пораки како да се зачува и негува јазикот.Пред самиот крај на овој настан учениците меѓу себе како и присутните ги дознаа разликите на буквите на јазиците кои беа претставени.А на самиот крај од овој настан секој ученик на свој јазик им ја пренесе пораката на присутните КОЛКУ ЈАЗИЦИ ЧОВЕК ПОЗНАВА-ЗА ТОЛКУ ЛУЃЕ ВРЕДИ.

https://www.facebook.com/events/1259449244463931/?ref=newsfeed

https://www.facebook.com/303390253916124/videos/487347709581718

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.988229588765517

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.