Изложба на фотографии „Културно-историски споменици, цркви и манастири од Порече“

Во Петок (18.02.2022г.) во ликовната галерија при НУЦК Кочо Рацин -Кичево се одржa изложбата на фотографии насловена „Културно-историски споменици, цркви и манастири од Порече“ со почеток од 18:30 часот.

Креатори на оваа изложба се Цуте Крајчески – М-р по историски науки и Дончо Наумовски -дипломиран археолог.

Изложбата се состоеше од вкупно 47 фотографии од цркви и манастири, археолошки локалитети и спомен обележја од територијата на Порече.

 Изложбата е изработена од страна на Здружение за заштита и промоција на културното наследство “Концепт за култура- Скопје” со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р.Македонија.

Настанот заврши со еден скромен коктел каде присутните на авторите им посакаа и понатаму да творат за љубителите на уметноста.

https://fb.me/e/XqBsRLWZ

https://fb.watch/bkCIdMbP1B/

https://www.facebook.com/media/set?vanity=303390253916124&set=a.987676075487535

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.