Како да го задржам Дедо Мраз кај нас – Новогодишна детска претстстава

Новогодишна детска претстава „КАКО ДА ГО ЗАДРЖАМ ДЕДО МРАЗ КАЈ НАС“
https://www.youtube.com/watch?v=pxUFzQw2Tgg&app=desktop

Урнебесна комедија за деца, новогодишна бајка која ни говори за две дечиња – братче и сестриче кои со нетрпение го очекуваат големото доаѓање на Дедо Мраз, не само за да им донесе подарок, туку и за да се подружат со него, да разговараат и горделиво да се пофалат што промениле во своето однесување од минатата година, но секако не пропуштајќи да си кажат што очекуваат од него за подарок и во наредната година.


На децата им е толку убаво со Дедо Мраз во нивниот дом. Кројат план како да го здржат, за тој миг да трае вечно. Одлучуваат да направат се што е потребно за тој да остане со нив и заедно да си ја прослават Новата година. Но не е се така едноставно… Почнуваат да прават се на што ќе се сетат во моментот: го заклучуваат во домот и се преправаат дека не знаат каде е клучот- но безуспешно, му ги кријат чизмите за да не може да замине – повторно неуспешно,за да на кранјот одлучуваат да ги свртат стрелките на часовникот, да го вратат времето и Дедо Мраз да остане кај нив.
Што ќе се случи понатаму? Дали Дедо Мраз ќе остане да ја помине Новата Година кај децата, дали ќе успее да ги израдува и другите деца со подароци или не, останува да ја погледнете детската комедија Како да го задржам Дедо Мраз.
Дедо Мраз во оваа претстава не е само лик кој се појавува и заминува, Дедо Мраз е лик кој од самиот почеток, па се до крајот на претставата е присутен на сцената, така да дечињата во публиката ќе можат да комуницираат со него и да му се радуваат од самиот почеток па се до крајот.

You may also like...

Напишете коментар