Посетители од Erasmus+ во рамки на проектот “Солидарност и еднаквост”

На 31 Јануари во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево како дел од активностите од меѓународниот проект на Еразмуз+ “Солидарност за еднаквост” гости беа ученици и наставници од Полска,Романија,Хрватска и Лозово,Македонија.

Проектот е реализиран од страна на ООУ”Кузман Јосифоски-Питу” од Кичево под координаторство на наставничката Елизабета Арсоска. Гостите имаа можност да ги погледнат изложбата на Младинската керамичка работилница која е проект од Центарот за култура и се одржува традиционално секоја година, изложба за лица со оштетен вид „Стимулирајте ги вашите сетила“ на и исто така инаа можност да видат дел од Македонската традиционална носија.

You may also like...

Напишете коментар