Театарска претставата „Вардарски пастуви“

На 7.12.2021 во Центар за култура “Кочо Рацин” Кичево во склоп на театарскиот фестивал “Ускана фест” беше одиграна претставата „Вардарски пастуви“ на Театар Комедија.

„Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Бофој (филм Фул Монти) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но, овој пат станува збор за сосема наш производ, најпрвин затоа што е тоа сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина на која можат да и позавидат и Бифоу, Мекартен и Синклер.Приказната е современа и мејд ин скопје. Станува збор за скопска маалска група другари – навивачи, на која најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот на маргините и по хаусторите на Скопје ги издвојува од корпоративниот свет и трката по успех, па во недостиг на финансиска моќ, потенцирано од нивните секојдневни проблеми (едниот има проблеми со жената, друг не може да си фати девојка, едниот, за да заработи служи како келнер итн…) стануваат апатични. Но, при една средба, еден од нив наоѓа оглас за работа: се бараат млади, згодни, убави… за машки стриптиз.

https://fb.watch/9NOhl9sjhl/

https://fb.watch/9NOk3vqY4v/

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.