Детска театарска претстава “Три”

Во Вторник (28.12.2021г.) во големата сала при Центарот за култура се одржа детската претстава ” Три” со почеток од 13 часот.

Во преставата играа 4 актери: Sвонко Бонбонко кој е најзабавен за детската публика. И трите самовили: Розе, Лила и Синка. Главната тема беше еко – катастрофата која се случува во светот и поради тие причини сите другари (ликовите од претставата) сложно тргаат низ светот за да го исчистат отпадот по улиците и низ планините.

Со оваа претстава на дидактичен начин, децата се едуцираат дека ѓубрето мора селективно да се фрла во соодветните корпи за отпадоци за рециклирање со цел за градење на свеста и навиките кај најмладите за значењето на задравата природа.
Идејата е најлмладата публика да учи што е потребно за да ја спасимем природата со цел идните генерации да живеат во здрава средина. Исто така целта на оваа претстава е да им овозможиме на глувонемите и наглуви деца да ја доживеат за прв пат сензацијата која ја нуди театарската уметност изведена на нивниот знаковен јазик, нарекувајќи го мајчин јазик, но исто така на широката детска публика им нудиме можност одблиску да се запознаат и едуцираат со знаковниот јазик кои преку забавна интеракција со актерите ќе ги учат знаците и знаковната азбука.Ви ја претставуваме ТРИ – Прва професионална претстава на знаковен јазик за деца со ошттен слух за прв пат во нашата земја, но е наменета за широката детска публика, во која актерите на сцена паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик.Со овој достоинствен чин, освен што ја зајакнуваме самодовербата и чувството на припадност на оваа ранлива категорија, ќе учествуваме и во процесот на инклузија во општеството на целокупната јавност На овој начин се овозможува градење заедничка свест на новите и идни генерации за присутноста на глувонемите лица во општеството. Продукција на претставата ТРИ е АТО – Центар за современа уметност и култура, Битола. 

https://fb.me/e/4Lge3gQ4Z

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.953281148927028

https://fb.watch/aiEBEQ6E97/

https://fb.watch/aiEDV8ru8K/

https://fb.watch/aiEFT0pPx7/

https://fb.watch/aiEHs4PZxa/

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.