Детска театарска претстава „Рапанзел“

Моќта на љубовта и победата на доброто над злото се клучни мотиви во детската претстава „Рапанзел“, која Турскиот театар ја изведе на 5-ти Декември со почеток од 15 часот, на сцената во НУЦК “Кочо Рацин” Кичево.

Станува збор за претстава работена според истоимената бајка на Браќата Грим, во адаптација и режија на Џабир Доко. Улогите ги толкуваат: Инес Радончиќ, Ебру Мусли, Јеткин Сезаир, Жале Османи, Метин Ибрахим и Дин Ибрахим. Сценографијата е авторство на Татјана Блажевска-Христоска, а костимограф е Розе Трајческа-Ристевска.Претставата ќе биде изведена во согласност со протоколите и препорачаните мерки против КОВИД-19, а бројот на седиштата е ограничен.

https://fb.watch/9L72nNvvpO/

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fshoqata.artact.us%2Fposts%2F4300022290103205&show_text=true&width=500

You may also like...

Напишете коментар