Изложба “Голема мајка” – Љубе Алексовски

Во петок (05.03.2021) во фоајето на Центарот за култура “Кочо Рацин” – Кичево се одржа изложбата “Голема мајка” на Љубе Алексовски со почеток од 16 часот.

Љубе Алексовски прв дипломиран ликовен педагог во Струга. Дипломира на Педагошката академија (ликовен смер) во Скопје а подоцна и на факултетот за Ликовни уметности во Скопје. По своето дипломирање реализирал повеќе самостојни проекти, а особено забележително дело остварува во доменот на ѕидното сликарство.
Во периодот од 1985 до 2009 година слика на 7000м мурали Al seco техника на повеќе објекти во земјава: Скопје, Куманово, Дорјан, Охрид и Струга.
Посебно е значаен неговиот опус на ѕидни мурали во охридско и струшко каде изведува повеќе циклуси, тематски инспирирани од поднебјето традицијата како и одредени рефлексии на современите збиднувања.

Изложбата се одржа според протоколот на Министерството за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19 . Носењето маска и држењето физичка дистанца беше задолжително.

https://fb.me/e/4Q0NH1LYY

https://www.facebook.com/303390253916124/videos/135415761812867

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.771382670450211

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *