Кинопроекција на филмот „Медена земја“

Филмот “Медена земја”  е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе за која правилото за баланс со природата е земи половина од медот, половина остави за пчелите. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената! Медена земја е досега најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал Санденс. Во меѓувреме филмот освои 20 меѓународни награди и се прикажа на повеќе од 50 светски филмски фестивали.

Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам…
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите

You may also like...

Напишете коментар