Rock ‘N’ Roll Перспектива

На 28.09.2019 година со почеток во 20 часот, на градскиот плоштад Кичево, се одржa Рок концерт Перспектива, каде што настапија повеќе рок групи. Гости на концертот беа групата Instinct од градот Ресен, а другите рок групи кои настапија на концертот се од нашиот град: Halfgod, Future band, Blurband и Pellumb Qerimi & Bojan.

Секоја од групите настапи со околу дваесетминутна програма, каде беа изведени како македонски, така и странски познати композиции. Нашите сограѓани, љубители на рок музиката, имаа можност да уживаат во звуците на гитарите, тапаните и пејачите на рок групите, да се опуштат и забавуваат.

You may also like...

Напишете коментар