Перформанс “Еден поинаков 8-ми Март”

Во Ликовната галерија при нашиот Центар за култура се одржи перформансата “Еден поинаков 8-ми Март” ова манифестација се одржи од неформалната група “Последните кичевски боеми” по повод Меѓународниот ден на жената.

Во овој настан беше нагласено дека 8 март секоја година нe обединува за да ја споделиме радоста на оваа прослава, како и да изразиме искрена благодарност до женскиот пол за нивните придонеси и достигнувања во различни сфери на животот.

Во оваа манифестација меѓу другите, имаше:
-Изложба на фотографии
-Рецитал на поезија
-Модна ревија
-Доделување на пофалници на успешни жени
и други изненадувања.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *