
На 16 Јуни со почеток од 20 часот во центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одигра театарската претстава “ОДАМ НА ЛОВ” од Жорж Фејдо, во режија на Благој Николов и во изведба на актерите од Драмското студио при Дом на култура “Илинден” Демир Хисар.






Претставата е комедија во три чина, во режија на Благој Николов, а улогите ги толкуваа: Бранко Србиновски (Дишотел), Диме Бошевски (Морисе), Александра Василевска (Леонтина), Мери Пупунчевска (Контеса Де Латур), Мартин Давидовски (Гонтран), Борче Стојановски (Касањ), Драге Велевски (Полициски инспектор Бридоа) и Маја Наловска (Слугинка Бабета).
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.295740562800967