Изложба “Калеидоскоп”

Во Ликовната галерија при Центарот за култура “Кочо Рацин” – Кичево беше отворена изложбата “Калеидоскоп” од Музеј на град Скопје.

Кураторите Благоја Варошанец и Екатерина Намичева, ги селектираа делата на две млади графички дизајнерки од Македонија, Симона Трипкова и Маријана Ивановска, за претставување на изложбата “Калеидоскоп”, која беше подготвена од Музеј на град Скопје како дел од годинешната програма за одбележување на Европскиот ден на креативноста, а во рамките на европскиот проект КреАрт. Проектот КреАрт имаше за цел да овозможи на младите артисти поголема мобилност и поголема слобода на изразување, што впрочем е постојаната цел и на проектот МузеумЛинк. На овој начин сите градови кои ќе ја превземат оваа изложба ке бидат дел од семејтвото на европски градови кои се залагаат за поголема мобилност на креативноста и креативните идеи, како и ке ја имаат привилегијата да видат уметнички настапи на творци еднакво како и во големите европски метрополи.
Изложбата Калеидоскоп беше претставена пред публиката во Скопје на 2 април 2018год. во Кафе Љубов.

Оваа изложба меѓу другите посетители беше посетена од учениците на ОСУ “Дрита” – Кичево со професорот Осман Ќерими.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *