
На 30.06 и 01.07.2023 година во Кичево се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал на народи игри и песни „Д-р Владимир Полежиноски“, во организација на Националната Установа Центар за култура „Кочо Рацин“ Кичево и Културно уметничкото друштво „Рацин“ кое работи во склоп на Центарот. Овој проект беше поддржан од Министерството за култура.






Оваа година програмата ја потполнија следните учесници:
– Ансамблот „Борока“ од Романија,
– МКЦ – Драч, Албанија,
– Ансамблот „Витаминчики“ од Украина,
– локалните друштва КУД „Нико Пусоски“ и КУД „Младост“.,
– Ансамблот „Емин Дураку“ од Скопје,
– КУД „Гоце Маркоски“ од Скопје,
– Ансамблот „Анаморава“ од Косово, “ и
– домаќините КУД „Рацин“.












На платото од Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево и двата вечери со почеток од 20:30 часот, секоја група по 10-15 минутна програма, кичевската публика имаше можност да ужива во богатата програма, песните и ората на сите учесници, позитивната енергија и веселите звуци. На сите учесници им беа доделени благодарници и скромен поклон. Првата вечер групите учеснички со дефиле низ градот ја повикаа публиката.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.302212052153818&type=3
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.302747302100293&type=3