
Во НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево на 29.06.2023 година по повод празникот Бајрам, се одржиа празничен концерт со почеток во 20:30 часот.
Бајрамскиот концерт беше во организација на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево.
На овој концерт учествуваа фолклорната група „Ода е Гостивари“ и фолклорната група од Кичево Муса Изери, Уран Дервиши, Арди Османи, Меџаит Рамадани и Арѓент Лика од „Ода Керчоваре„ Швајцариа.
На концертот со оро настапија учениците од основните училишта од градот.