Манифестација по повод 5-ти Мај “Денот на македонскиот јазик”

По повод денот на македонската азбука и македонскиот јазик во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево беше отворен ден, ден каде нашите деца како и возрасните беа присутни во времепловот на создавањето на нашата азбука се до ден денес. Во нашата библиотека имаше посета од сите основни училишта заедно со нивните ментори-наставници кои со своите презентации и предавања во самата библиотека им доловија кој ја создал македонската азбука и како таа низ времето се менувала и кои се се заслужни за да се зачува нашиот македонски јазик. Посетата беше од основните училишта каде на наставниците/менторите им се доделија благодарници за нивното учество.

ОУ Д-р„ Владимир Полежиноски“наставник Анѓелина Цветаноска

,ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“,наставник Ирина Стојановска

ОУ „Санде Штерјоски“,наставник Даниела Гроздановска

ОУ „Христо Узунов“ наставник Ивана Витанска

Кои беа се до вечерните часови, а додека вечерта беше организирана голема манифестација каде Кристина Цветаноска и Михајло Петрески беа како модератори на манифестацијата по повод организирано од страна на нашиот Центар за Култура во соработка со ОСУ Мирко Милески Кичево финансирано од Министерство за Култура.

Во оваа манифестација зедоа учество учениците од средното општинско училиште во Кичево,хорот од средното училиште со својот професор Горан Делевски но најголем удел во реализација на оваа манифестација се професорите по македонски јазик од средното училиште кои со задоволство и со голем труд ги подготвија своите ученици, само во мал дел учество зедоа самите модератори со некои кратки драмски излагања за настанокот на македонската азбука и јазик па се до ден денешен.Целиот овој ден како и вечерта за на крај беше затворена со еден коктел-вечера од страна на Центарот за култура со сите учесници,вработени и посетители на тој значаен ден за Македонскиот јазик.

https://fb.me/e/1dJ1rZqdu

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/562901659300469

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/605926891473837

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/1305926486670122

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/782936506727548

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/799001061655424

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/919356912805057

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/196028073252863

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/604668014928911

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/759961649132134

https://www.facebook.com/100070950774337/videos/201332319351835

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.270478688660488

You may also like...

Напишете коментар