
На 06.05.2023 година со почеток во 19 часот во Националната Установа Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево се одржа Ѓурѓовденски концерт на Културно Уметничко Друштво „Нико Пусоски“ од Кичево. На концертот гости беа Културно Уметничкото Друштво „Гоце Делчев“ од Битола. Програмата се содржеше од познати кореографии како: Копачија, Ѓурговден и други. Исто така гости на концертот беа Дарко Стојаноски и Анастасија Митровска.