Изложба „Железна поезија“ на Зоран Здравески

На 11 Септември во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески со почеток од 19:30 часот.

Зоран Здравески е роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал. Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури.
Контраст меѓу студеното и -топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”. Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови.

Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.

https://fb.me/e/3th8ootef

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.809273134781038&type=3

You may also like...