
Во НУЦК „Кочо Рацин“ се одржа 18-тиот Меѓународен фолклорен фестивал на народни песни и ора „Д-р Владимир Полежиноски“ на кој учествуваа културни друштва од : Албанија, Косово, Црна Гора, Турција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Украина, Полска, како и културно-уметнички друштва од земјата.
Фестивалот се одржа две вечери, првата фестивалска вечер на 27 мај (вторник) 2025 година и втората фестивалска вечер на 28 мај (среда) 2025 година со почеток во 20:00 часот на платото од НУЦК„Кочо Рацин“ – Кичево.
Фестивалот беше во организација на НУЦК„Кочо Рацин“ – Кичево, а финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.727067849668234&type=3
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.727120819662937&type=3