
На 19 септември со почеток од 20:30 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево имаше проекција на филмот „Изолација“ во режија на Марко Бацковиќ.
Синопис: Јован (Милош Биковиќ) е млад биолог кој добива добро платена работа во научна станица сместена длабоко во шумата. Во почеток осаменоста му изгледа како идеално бегство од цивилизацијата, но набргу почнуваат да го вознемируваат необјасниви случки. Како што поминува времето, Јован станува свесен дека не е сам…
Времетраење: 82 min
Категоризација: 12+