Во рамки на фестивалот Меридианс, со подршка од Министерство за култура, во Центарот за култура “Кочо Рацин” Кичево се одржаа концерт на друштвото Артал.
Концертот го реализираа уметниците: Јетмир Мехмеди – гитара Шкелзен Пајазити – виолина Шкелзен Бафтијари- пијано Концертот се реализираа во надворешен простор поради ситуацијата со Covid-19, почитувајќи ги предвидените мерки и протоколи.
Во Сабота (18.07.2020г.) на платото од Центарот за култура се одржa концерт за деца „Музичко другарување“ со почеток од 12:30 часот.
Концертот “Музичко другарување” е единствен во своето претставување поради уникатноста и специфичноста на изведба поради употребата на двојазичност во презентација (македонски и албански јазик).КОНЦЕРТОТ е едукативен, опфаќа АКТУЕЛНИ ТЕМИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО И БОН ТОН однесувањето, а притоа е и интерактивен. Концепиран е со цел децата да можат да бидат вклучени во процесот на презентација а не како во досегашните случаи на концерти – само обични слушатели на одделни музички концерти, само драмски претстави или музички работилници. Целта на овој проект е да ги сублимира во еден проект сите преходно наведени проекти и воедно преку музиката да направи сплотување на публиката а јазикот да не претставува бариера. Проектот притоа спроведува интерактивност со публиката и врши едукацијата од нов вид.Преку овој вид на претстави се доближува најмладата генерација до класичната музика, етно музикологијата и класичните инструменти.Проектот преку игра и песна успева да се доближи до најмладите и да ја разбуди нивната фантазија и имагинарното да им стане во мислите реално и сето тоа сублимирано во време траење од 45 минути.
Поради ситуацијата во која се наоѓа целата држава, концертот се адаптираше да се реализира во надворешни услови- пред платото на центарот за култура. Притоа публиката беше ограничена со број на седишта поставени на растојание од 2 метри и беше ставено напомена преку доставување на рекламен материјал од страна на учесниците за носење на заштитна маска за време на настанот.
Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево организира празничен концерт во чест на мигрантите заедно со кичевските пејачи Ќендрим Љутфиу, Уран Дервиши, Блерим Љутфиу, Салије Бајрами и амбасадорот на мелодиската песна Дервиш Дервиши.
Во Центарот за култура „Кочо Рацин„ се одржи концерт што ќе се памти долго време, три големи имиња на албанската музика, специјални за нивниот стил, начинот на нивната блискот и љубовта што им ја даваат на нивните обожаватели.
По повод на Денот на албанската азбука во нашиот Центар се одржа манифестација исто како и минатата година. Манифестацијата ја започна учениците од гимназија „Дрита“.