“Диес Бона” концерт на групата Калевала

На 27 Јуни на плато пред НУЦК “Кочо Рацин” Кичево се одржа креативниот концерт “Диес Бона” на професионалниот музички состав “Калевала” проект финансиран од Министерство за култура и туризам.

– Калевала е музички состав којшто преку звуците инспирирани од различни култури, почнувајки од домашната култура, на публиката ѝ отвора простор за визуелна и чувствена имагинација. Еден вид на пристаниште на меѓусебно зближување преку надминување на границите и размена на она што е заедничко тежнение на луѓето – среќата. Убав ден којшто независно од времето и местото отвора чисто небо, простор за оддишка и одмор, дури и кога улиците се обвиткани од сивилото. Убав ден како можност и за спријателување со себеси. Музичкиот концепт опфаќа авторски песни со текстови на различни јазици: македонски, англиски, италијански, португалски, шпански, француски; како и традиционални песни од различни делови на светот на: турски, руски, алжирски, свахили, …

Музички состав:

Јасна Николовска Овчаровска – вокал;

Владимир Овчаровски – гитара;

Зоран Павлоски – контрабас, акордина;

Горан Спасевски – перкусии;

Калевала е музичка група од Македонија која постои од 2008 година, со непроменет состав, изведувајќи авторска музика, но и традиционални песни од различни делови на светот, аранжирани за вокал, гитара, контрабас и ударни инструменти. 2009-2010, снимен албум со 14 песни. 2012, снимен втор албум со 12 традиционални и 3 авторски песни. Креира и изведува музика за филмски проекти. Во тек е снимање на авторски албум. Позначајни настапи: Интернационален детски фестивал, Шибеник, Хрватска Пиволенд, фестивал на пивото, Скопје Виноскоп, фестивал на виното, Скопје Холандска амбасада, денот на Кралицата, годишен настан, Скопје Денови на Франкофонија, Битола Локумфест, Битола Стоби винарија, отворање, Скопје Конференција ИЗИС, Охрид Веро центар, отворање, Скопје Конференција ФЕИТ, Охрид Пиволенд, фестивал на пивото, Скопје Бизнис центар Хипериум, отворање, Скопје Рафинерија Окта, годишен настан, Скопје Министерство за здравство, годишен настан, Скопје ПрајсвотерхаусКуперс, ребрендирање, Скопје Битфест, Битола Скопско лето, Скопје Дом на култура Тошо Арсов, Виница Конференција ФЕИТ, Охрид Рафинерија Окта, годишен настан, Скопје Фестивал на младо вино – Тиквеш, Кавадарци Интернационален филмски фестивал Winter Apricots, отворање, Прилеп Денови на Марко Цепенков, Прилеп Театарски фестивал „Лица без маски“, отворање, МКЦ, Скопје …

https://fb.me/e/7Ar88qWl3

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.747917437583275&type=3

You may also like...