
Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево 4 последователни дена се одржуваше театарскиот фестивал „Ускана фест“ каде кичевската публика имаше можност да види богатата програма.
-Првата вечер Театарот од Гостивар се претстави со претставата „Слуга на две партии“ во режија на Бесфорт Идризи. – Втората вечер се појави Албанскиот театар Скопје со претставата „Смртта и Богородица“ – Третата вечер се појави Здружението „Едуинфо“ од Штип – Четвртата вечер беше резервирана за Кумановскиот театар каде ја претставија претставата „Човекот со влечки“