
Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево со почеток од 19 часот беше одбележан Светскиот ден на поезијата – 21 Март.Проектот поддржан од Министерството за култура.Настанот беше од натпреварувачки карактер каде учество зедоа ученици од СОУ „Мирко Милески“.





Учесниците се претставија со поезија од познати домашни и странски автори.Изборот на најдобри три поезии се оценуваше со: солидност на артикулацијата,правилна употреба на јазична форма и емоционален израз на учесниците сообразен со содржината.Комисијата беше составена од четири члена во која имаше професори,актери и писатели Весна Зафироска Антоска (професор по македонски јазик), Соња Крстеска (професор по македонски јазик), Михајло Петрески (актер) и Оливера Ширгоска (писател). Додека се оценуваа поезиите на учесниците од страна на комисијата, со свои поезии се претставија наши роднокрајни писатели.По завршувањето на писателите и конечниот избор на најдобри творби беа наградени тројца учесници: Трета награда Љубица Наќеска „Љубов“ од Ацо Шопов, Втора награда Теодора Михајлоска „Тешкото“ од Блаже Конески и Прва награда Јована Ристеска „Ветерот носи убаво време“ од Ацо Шопов. Покрај наградите добија и пофалници, а на останатите учесници им се доделија благодарници. На крај сите учесници беа почестени со коктел-вечера од страна на Центарот за Култура.
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.442364271471928