Премиера на филмот „Нешто слатко“

На 28 Септември во НУЦК “Кочо Рацин”- Кичево се одржа премиерата на романтичната комедија „НЕШТО СЛАТКО“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова-Периќ .

„Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија. Филм полн со преплети и забавна содржина. Кариерата на една организаторка на конференции е во рацете на маркетинг гуруто од Македонија кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него.
Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец, Јелена Јованова ја толкува главната женска улога – Каја, а Сашко Коцев, се потпишува и како копродуцент и косценарист заедно со Уршка Мајдич. 

https://fb.me/e/6w8eWRXGb

You may also like...

Напишете коментар