Посета на делегација од државниот универзитет од Чанакале

Центарот за култура „Кочо Рацин“ - Кичево го посети делегацијата на Државниот универзитет во Чанакале „18 Март“, поточно раководството на Факултетот за уметности при овој универзитет, кои имаа можност одблиску да ги видат керамичките дела изработени од учениците од средните училишта од Кичево „Мирко Милески“ и „Дрита“, го посетија и селото Вранештица каде се наоѓа грнчарската работилница на мајстор Слободан Столески, преку оваа посета имаа можност одблиску да ја видат постапката на грнчарско производство. По тој повод од двете страни беа разменети керамички подароци.
Споменатата делегација предводена од деканот проф.д-р. Еврен Карајел Гокаја и нејзиниот тим: доц. проф. д-р. Јешим Зумрут, доц.проф.д-р. Вечихе Озге Зерен, доц.проф.д-р. Берна Илери, д-р Огр. Илкан Деврим Динч, проф.д-р. Ајхан Орал и Зија Арнавутоглу.

You may also like...

Напишете коментар