Целовечерен концерт со „Танец“

На 01.04.2022 год. со почеток во 20 часот, Националниот Ансамбл “Танец” одржа целовечерен концерт во НУ Центар за култура “Кочо Рацин” Кичево. Концертот беше дел од циклусот на целовечерни концерти “Танец низ татковината”, во кои се изведуваше атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјава, на кои се создавало македонското фолклорно богатство.

            После успешните мартовски концерти во центрите за култура во Делчево, Радовиш, Свети Николе и Пробиштип, ансамблот се претстави во Кичево со проширена програма во која беа изведени пет цели кореографски постановки и повеќе инструментални и вокално-инструментални мелодии од богатата македонска фолклорна ризница: Поречки игри, Ајдучко оро, Копачија, Малешевка, Драчевка, Гермијанско оро, Пиперково оро, Облога се фаќат момче и девојче и многу други.

            За концертот имаше голема заинтересираност, но за жал со мерките против вирусот ковид 19, капацитетот на салата беше преполовен, а сепак задоволството на публиката од концертот беше искажано со громогласни аплаузи кои траеа и по повеќе минути.

https://fb.me/e/3cnBiw7v9

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.1013614636227012

https://fb.watch/cdju1mAz2T/

https://fb.watch/cdjzcsp4Ia/

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.