Четврти роденден на ЛК ,,КитКа” -Кичево

По повод четвртиот роденден на литературнот клуб „КиТка“ кој е дел од центарот за култура скромно беше организирано неговото одбележување поради ситуацијата со пандемијата на КОВИД 19. На самиот настан учество зедоа членовите на литературниот клуб каде во текот на настанот беа претставени и новите
членови.

Основачите на литературниот клуб достоинствено ги претставија новите ченови на кои им ја дадоа таа чест да се претстават со свои дела каде им беа врачени благодарници.Исто така во самото одбележување на роденденот имаше учество на помлади љубители на пишаниот збор кои изразија желба за членување во клубот.Во текот на настанот беа читани и дела од Блаже Конески каде се одбележуваше 100 годишнина од раѓањето на великатнот на македонската поезија.Целиот настан беше реализиран по протоколите кои се дадени од страна на министерството за здравство.Роденденот беше одбележан на крајот со скромен котел каде во опуштена атмосфера се разговараше за понатамошното проширување зачленување на нови
членови и соработување со други литературни клубови надвор од нашиот град.Со самото проширување ќе се збогатува пишаниот збор.

https://fb.me/e/4KlZLCmYy

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.924536155134861

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=294461532557156

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.