Меѓународениот фолклорен фестивал на народни песни и ора „Д-р Владимир Полежиноски“

На 09-10.07.2021 година и покрај неизвесната временска прогноза, на платото пред Националната Установа центар за Култура “Кочо Рацин” Кичево се одржа традиционалниот Меѓународен Фолклорен Фестивал на народни песни и ора “Д-рВладимир Полежиноски” Кичево.

После една година пауза поради корнавирусот, под покровителство на Министерството за култура на РСМ, a во организација на нашиот Центар за култура“Кочо Рацин” го обележавме 14тиот по ред Меѓународен Фолклорен Фестивал нанародни песни и ора “Д-р Владимир Полежиноски” Кичево, на кој на наша покана, гости беа следните:

-АНСАМБЛ „Бајрам Цури“ КОСОВО

-Уметнички Ансамбл “Азиз Ндреу” Албанија

-КУД „ Аќиф Јахја“- Теарце – Тетово

-КУД „Каршиака“ Скопје

-КУД “Бисер“ Кичево

-Куд ,,Таше Милошевски” Ресен

-“Ускана“ Кичево

-Фолклорно студио ,,Етнос” Скопје.

На сите групи учесници им беше доделена благодарница и скромен поклон.

Овој настан, како еден од поголемите во градот Кичево, беше добро изрекламиран, со цел ширење на информацијата до сите кои го сакаат фолклорот иимаа можност да не пропуштат, а да проследат и двата вечери по два часа богата иразновидна програма со ора и песни.

Програмата и двата вечери беше проследена од многубројната кичевска публика, според сите протоколи за заштита од коронавирусот, а свој придонес имаа ичленовите на Црвен Крст Кичево во спроведување на истите.

Оваа година за сценографијата се погрижија Десанка Глигоријевиќ, Сихана Јакупи и Кртистијан Младеновски и како што може да се забележи од приложените фотографии, со сите пропратни ефекти сцената беше осмислена до најситен детал што придонесуваше до појак впечаток на целокупниот изглед на концертoт.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *