Годишен концерт на КУД „Рацин“со вокално-иструментален состав

На платото пред НУ Центар за култура ,,Кочо Рацин” Кичево се одржа концерт на КУД Рацин, кој наместо Велигденски концерт оваа година поради мерките од Владата се одржа подоцна на 25.05.2021 година како Годишен концерт, во вонредни услови само со вокално-инструменталниот состав, по посебен протокол и спроведени сите мерки за заштита од вирусот.

Концертот имаше околу 60 минутна програма, во која беа претставени повеќе оркестарски ора како: Опа иха; Касапско оро; Чупурлика оро кое беше изведено од помладите членови на оркестарот; Оро изведено со народниот инструмент гајда;вокалните изведби на двајцата солисти: Мома оди за вода; Дафино вино; За многу години Македонци; Ајде вино пијам; Лено мори; Босо моме шета. Исто така, на почетокот на концертот беше презентирана досегашната богата историја односно биографија на културно уметничкото друштво ,,Рацин” Кичево, која еве и понатака се стремиме да ја збогатуваме.

Овој концерт, како концерт кој се одржува по подолга пауза поради пандемијата со корона вирусот, беше проследен со големо внимание и радост од многубројната публика наоколу.

Годишниот концерт на КУД ,,Рацин” Кичево, како и секоја година беше поддржан со средства од проект од Министерството за култура на РСМ.

https://www.facebook.com/events/144573657599256/?ref=newsfeed

https://www.facebook.com/303390253916124/videos/81943361566950

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *