Изложба „Карневали“ – Дражан Брачиќ

Во петок (13.11.2020г.) во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржa изложба на фотографии „Карневали“ на Дражан Брачиќ со почеток од 19:00 часот.

Тема на оваа четврта самостојна изложба на Дражан Брачиќ се карневалите, кои имаат долга традиција и задираат длабоко во историјата на човештвото. Уште од пагански времиња кога се прославуваат битни моменти (зимска и пролетна рамнодневница, промена на годишни времиња…) па до критика и сатира кон власта, кон религијата, карневалите опстанаа до денешни денови. Дражан имал чест неколку негови фотографии од карневали да бидат и дел на меѓународната изложба “Словенски карневали“ која беше отворена 2014 година во седиштето на UNESCO во Париз во која гостувале голем број држави од Европа. Оваа изложба преставува еден мал дел на тие настани со кои авторот сака да прикаже дел од атмосферата како и разноликоста на идеите и маштовитоста на учесниците.
Дражан Брачиќ, како фотограф до сега има учествувано на 70 десетина групни и 4 свои самостојни изложби. Над 150 неговои фотографии се објавени во книги, каталози, плакати, учесник на бројни ТВ емисии на теми Фотографија и уметност.

Изложбата се одржa според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19. Носењето маска и држењето физичка дистанца беше задолжително.

You may also like...

Напишете коментар