
Во големата сала при НУ Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево на 10.10.2020 година се одржа свечен концерт за годишнината на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево со што се одбележа 40-години постоење на оваа институција.
На концертот учествуваа повеќе врвни уметници по повод четири децении постоење, дело и создавање на важни уметнички дела наменети за нашето Кичево.
Овој концерт беше реализиран со богата уметничка програма каде што се овековечи овој важен ден за нашата институција.
Концертот се одржа според протоколите од Министерството за култура дадени од здравствената комисија за заштита од Ковид-19 каде што бројот на посетители беше ограничен и оваа бројка достигна до 74 посетители.
Носењето маска и одржувањето на растојание беше задолжително.
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/1004115583396160
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/970681270109318
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/428289174819577
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.675037400084739